Последен тв дуел на кандидатите за претседател на Франција

Двајцата кандидатити за претседател на Франција, Емануел Макрон и Марин Ле Пен синоќа го имаа последниот телевизиски дуел пред неделните избори

Последен тв дуел на кандидатите за претседател на Франција

Двајцата кандидатити за претседател на Франција, Емануел Макрон и Марин Ле Пен синоќа го имаа последното телевизиско соочување пред неделните избори. 

Анкетата спроведена после тв дуелот покажа дека 63 насто од гледачите сметале дека Макрон е поуверлив.

Телевизискиот дуел помина во доста жестока дебата со досега невидено вербално насилство и меѓусебни груби напади од стартот.

За 2,5 часа колку што траеше соочувањето меѓу двајцата претседателски кандидати Макрон ја обвини Ле Пен за градење на нејзината кампања врз основа на лаги и клевети. Макрон за Ле Пен рече дека е паразит на системот, а таа одговори дека тој го користи стравот кај француските граѓани.

Макрон ја критикува Ле Пен заради нејзиниот предлогод за воведување на двојна валута во Франција велејќи дека тоа е смртоносен и опасен проект. Мојата визија е да се изгради силно евро и силна европска политика во која ние ќе ги браниме интересите на Франција, порача Maкрон.

Емануел Макрон исто така ја обвини Ле Пен за неуспех во нудењето решенија за економските проблеми на Франција и за невработеноста.Ле Пен возврати со тоа дека Макрон е инвестиционен банкар и министер за економија и дека е претседателски кандидат на дивиот капитализам. Ле Пен исто така го обвини Макрон дека нема план за борба против тероризмот.

Испитувањата на јавното мислење предвидуваат дека на вториот круг од претседателските избори на 7 мај во недела Макрон ќе освои  60, а Ле Пен 40 насто од гласовите на француските избирачи.

 



Слични вести