Уште еден напад на џамија во Германија

Група непознати напаѓачи ги искршиле прозорците и исцртале навредливи зборови на џамиската ограда во градот Касел во Германија

Уште еден напад на џамија во Германија

 

Група непознати напаѓачи ги искршиле прозорците и исцртале навредливи зборови на џамиската ограда во градот Касел во Германија.

Претседателот на џамискиот одбор на Касел Сејфедин Ерјорук по повод инцидентот истакна дека во последниот период се забележуваат зачестени појави на напади на муслимански верски објекти во Европа што сите не растажува. За жал и покрај тоа што навреме се известуваат германските медиуми тие не покажуваат интересирање за вакви инциденти, а згора на тоа недопустив е ставот и на германската полиција која кога доаѓа на местото на настанот после пријавата се однесува кон џамискиот одбор како да се тие виновни за инцидентот.

Муса Ак лице задолжено од Управата за верски прашања на Република Турција за џамијата во Касел истакна дека напаѓачите на џамијата може да се окарактеризираат како несовесни луѓе со различни цели и мотиви. Турците во Германија секогаш се залагаат за единство и за мир, ние сме луѓе кои бараат среќа, така да овој настан нас навистина не растажи,рече Ак.

Муслиманите кои живеат во Германија не ја кријат загриженоста од се позачестените напади на џамиите, на странците и особено на Муслиманите.

Само во 2015 година беа нападнати 75 џамии во Германија.

Во 2016 година бројката се икачи на 91.

 

 



Слични вести