Трамп одржа телефонски разговор со Путин

Претседателите Трамп и Путин постигнале согласност во врска со тоа дека агонијата во Сирија траеше предолго

724608
Трамп одржа телефонски разговор со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата лидери на критичниот разговор разменија мислења во врска со сириското прашање, напнатоста во Северна Кореја и меѓународниот тероризам.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Белата куќа, беа објавени деталите во врска со телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин.

Во соопштението беше истакнато дека претседателите Трамп и Путин постигнале согласност во врска со тоа дека агонијата во Сирија траеше предолго и дека страните треба да направат се што е во нивна можност за окончување на насилствата.

Трамп и Путин разменија мислења и во врска со можностите за заедничка соработка во борбата против тероризмот на Блискиот Исток како и решавањето на „многу опасната“ состојба во Северна Кореја.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Кремљ беше истакнато дека двајцата лидери постигнале компромис за водење координирана соработка во борбата против меѓународниот тероризам.



Слични вести