ЕУ последен пат ќе ги продолжи граничните контроли во Шенген зоната

Треба да се зајакне полициската контрола и да се зголеми меѓусебната соработка

724875
ЕУ последен пат ќе ги продолжи граничните контроли во Шенген зоната

Европската комисија поднесе барање до Советот на Европа за продолжување на привремената гранична контрола за уште шест месеци со некои земја во Шенген зоната како што се Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка.

Членот на Европската комисија одговорен за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос потенцираше на значењето на функционалноста на Шенгенската зона и рече дека последен пат ја продолжуваат контролата на внатрешните граници.

Аврамопулос на земјите членки на ЕУ им предложи да ја зајакната полициската контрола и да ја зголемат меѓусебната соработка со цел да се обезбеди јавната безбедност.

Граничните контроли на Шенгенската зона започнаа лани во мај по проблемите со кои се соочи Грција на надворешно граничните контроли и приливот на бегалци.

Во соопштението на Европската комисија беше истакнато дека по имплементацијата на договорот за реадмисија со Турција, беше забележан пад на бројот не бегалците кои пребегнуваа во Грција дури за 97 насто.



Слични вести