Америка испроба интерконтинентална балистичка ракета „Минутеман 3“

Ракетата точно ја погодила целта на 6 759 километарска оддалеченост.

725106
Америка испроба интерконтинентална балистичка ракета „Минутеман 3“

Америка испроба интерконтинентална балистичка ракета.

Американската воена воздухопловна команда за глобални напади соопшти дека од базата Вандерберг во Калифорнија била истрелана интерконтинентална ракета „Минутеман 3“.

Ракетата немала муниција во внатрешноста на боевата глава.

Ракетата точно ја погодила целта на 6 759 километарска оддалеченост.

Инаку ова тестирање на интерконтинентална ракета претставува дел од американската нуклеарна сила и се планираше точно 10 месеци.

Познато е дека САД располагаат со 450 балистички ракети со долг дострел од 12.874 километри.

 



Слични вести