Америка ги предупреди своите граѓани во Европа на нови можни терористички напади
Нападите реализирани во Франција, Русија,Шведска и Англија кои силно одекнаа во медиумите укажуваат на нови терористички напади во Европа

Американските власти ги предупредија своите граѓани кои ќе сакаат да патуваатт за Европа на нови можни терористички напади.
Во соопштението издадено од Стејт Департментот се вели дека и покрај силните напори на европските држави за борба против тероризмот постојат индикации за нови можни терористички напади.
Во соопштението се подвлекува следното:
Нападите реализирани во Франција, Русија,Шведска и Англија кои силно одекнаа во медиумите укажуваат на нови терористички напади во Европа кои би можеле да бидат реализирани од страна на терористичките организации како што се ДЕАШ,Ел Каиде или нивните франции.Предупредувањето се однесува на период до 1 септември годинава и се однесува претежно на американските туристи кои претежно ќе ги посетуваат туристичките региони на Европа, потоа транспортните коридори, трговските центри и другите места. Можни терористички напади се очекуваат на државни институции во европските земји и тоа особено во летните месеци,се подвлекува во соопштението.
Слични вести

Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан
Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан