Матео Ренци реизбран за претседател на Демократската партија

Ренци на гласањето за избор за претседател на партијата освои над 70 насто од гласовите на делегатите

723524
Матео Ренци реизбран за претседател на Демократската партија

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци реизбран за претседател на Демократската партија.

Ренци на гласањето за избор за претседател на партијата освои над 70 насто од гласовите на делегатите.

Матео Ренци на претстојните парламентарни избори планирани за мај идната година има за цел да ја зголеми поддршката на граѓаните кон централната левица наспроти популистичките политичари кои во последно време се стекнаа со поголема моќ во политиката на Италија.

42 годишниот поранешен премиер по поразот што го доживеа на референдумот за уставните измени во декември поднесе оставка.

Во февруари Ренци поднесе оставка на функцијата претседател на Демократската партија.



Слични вести