Аброр Азимов ја призна кривицата

Адвокатот на Азимов, Армен Задојан во изјавата за печатот рече дека клиентот го прифати обвинувањето

715564
Аброр Азимов ја призна кривицата

Осомничениот Аброр Азимов кој беше изнесен пред јавниот обвинител поради обвинение дека бил еден од планерите на нападот во Санкт Петербур на 3 април ја призна кривицата.

Адвокатот на Азимов, Армен Задојан во изјавата за печатот рече дека клиентот го прифати обвинувањето.

Денес пред судот Басманиј во Москва се очекува да се одржи рочиште за апсењето на Азимов.

Азимов под обвинение дека ја направил бомбата која на 3 април напаѓачот Акбарџам Џелилов ја активираше во нападот на метрото во Санкт Петербур беше приведен од страна на руските безбедносни сили во операцијата во Москва.



Слични вести