Тереза Меј предложи предвремени избори на 8 јуни

Можна победа на предврените избори ќе ја зајакне позицијата на премиерката Тереза Меј пред преговорите на Британија за Брекзит

715533
Тереза Меј предложи предвремени избори на 8 јуни

Премиерката Тереза Меј предложи одржување на предвремени избори на 8 јуни годинава.

Меј оваа неочекувано барање го образложи како единствен излез заради воспоставување стабилност и силно лидерство после отцепувањето на Обединетото Кралство од европската унија.

Во Весмистер имаме потреба од унија а не од разделба, рече премиерката Меј и додаде дека актуелната влада располага со вистински план за преговорите за Брекзитот.

Тереза Меј додаде дека утре до Долниот Дом на британскиот парламент ќе го достави предлогот за предвремени избори на 8 јуни.

Според анкетите Конзервативната партија на Тереза Меј води пред опозициската Лабуристичка партија.

Можна победа на предврените избори ќе ја зајакне позицијата на премиерката Тереза Меј пред преговорите на Британија за Брекзит.

 

 



Слични вести