Продолжува евакуацијата на цивилите од градовите под опсада во Сирија

Конвојот го придружуваат екипи на Турската Црвена Полумесечина и амбулантни возила,како и товарни камиони со багаж и поќукнина на цивилите

715034
Продолжува евакуацијата на цивилите од градовите под опсада во Сирија

Продолжува евакуацијата на цивилите од градовите под опсада во Сирија која беше прекината по нападот на конвој со цивили кога загинаа 126 лица.

На пат од населбата Ваер во Хомс тргна  5.колона составена од цивилни и воени елементи.

Колоната се состои од 2124 лица и напредува кон Џераблус кој е целосно ослободен од елементи на ДЕАШ во операцијата на турските вооружени сили Штитот на Еуфрат.

Во колната составена од 50 автобуси се наоѓаат вкупно 1 874 цивили од кои 275 жени и 510 деца.

Остатокот се состои од војници на опозицијата.

Конвојот го придружуваат екипи на Турската Црвена Полумесечина и амбулантни возила,како и товарни камиони со багаж и поќукнина на цивилите.

Ваер досега го напуштиле над 10 600 цивили,а идната недела ова  населено место ќе го напуштат уште 4 300 лица.

Во меѓувреме се дознава дека од 126 загинати во минатонеделниот напад на конвој со цивили 68 биле деца.

 



Слични вести