Во Средоземното море потона гумен чамец

Од чамецот кој пренесуваше 120 африкански бегалци беа спасени 27 лица

712706
Во Средоземното море потона гумен чамец

Во несреќата во Средоземното море во која потона еден гумен чамец исчезнаа 97 африкански бегалци кои од Африка пребегнуваа во Европа.

Екипите на крајбрежната стража на Либија во рамките на рутинските контроли забележаа дека на 10 км од крајбрежјето на Триполи потона еден гумен чамец со бегалци.

Од чамецот кој пренесуваше 120 африкански бегалци беа спасени 27 лица.

Во водите на Средоземното море исчезнаа 97 лица меѓу кои имаше деца и жени.

Либија е излезната и појдовна точка преку морето за Европа,а на кој пат на надежта тргнуваат бегалците од Африка.

Од Либија во која земја во последните три години владее политички хаос, над 150 илјади бегалци пребегнаа во Италија.

Само во 2016 година, над 4500 бегалци ги загубија животите во водите на Средоземното море пред крајбрежјето на Либија.



Слични вести