САД од Кина побара да го искористи своето економско влијание врз Северна Кореја

Северна Кореја во последните 6 месеци изврши низа тестови на балистички ракети

712705
САД од Кина побара да го искористи своето економско влијание врз Северна Кореја

САД од Кина побара да го искористи своето економско влијание врз Северна Кореја да ја суспендира нуклеарната и балистичка ракетна програма.

Привремениот портпарол на американскиот Стејт департмент Марк Тонер рече дека Кина има силни трговски односи со Северна Кореја, поради што Кина има супериорност врз оваа земја. Кина искористувајќи ја оваа посебна поврзаност, може да допринесе Северна Кореја да ја суспендира нуклеарната и балистичка ракетна програма.

Тонер потсети дека Северна Кореја во последните 6 месеци изврши низа тестови на балистички ракети, поради што меѓународната заедница треба да преземе санкции против оваа земја.

Интервенцијата врз Северна Кореја има приоритетно значење, рече Тонер и упати повик за постигнување решение на прашањето на краткорочен, а не долгорочен период.



Слични вести