Блискиот Исток низ призмата на Турција 15-2017

Хемиски масакр во Идлиб

711342
Блискиот Исток низ призмата на Турција 15-2017

Пред одреден период, силите на режимот на Асад во месноста Хан Шејхан кај Идлиб во Сирија извршија напади со хемиско оружје. Во текот на денешнава емисија ќе се осврнеме на масакрот со хемиско оружје во Идлиб, вели авторот на програмскава серија асистент и истражувач Џемил Догач Ипек од отсекот за Меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Од 2011 година наваму во Сирија владее голема бруталност на режимот на Асад врз своите граѓани. Сето тоа се случува пред вниманието на целиот свет. Секој изминат ден расте бројот на масакрите и жртвите. На 4 април силите на режимот на Асад извршија напад со хемиско оружје врз подрачјето Хан Шејхун во Идлиб во Сирија. Во нападот загинаа над 100 лица од кои повеќето беа невини жени и деца, а над 500 лица беа повредени.

За сите оние истражувачи кои активно ги бранат случувањата во Сирија, последниот напад не беше некое големо изненадување. Бидејќи овој напад со хемиско оружје не беше прв на режимот на Асад кој постојано го прекршува меѓународното право. Режимот на Асад претходно во нападите во Гута, Алепо и другите места на земјата употреби оружје за масовно уништување кое е забрането во светот, а во кои напади загинаа десетици илјади граѓани. Најверојатно и нападот на Идлиб нема да биде последен. Впрочем режимот на Асад не е изложен на некои сериозни санкции од меѓународната заедница која со соопштенијата и неодлучниот став за жал го охрабрува режимот на Асад.

Покрај договорот за хемиско разоружување, режимот на Асад во нападите со хемиско оружје употребува хлор и други хемиски супстанции. Меѓународната заедница не презема сериозни мерки и санкции против случувањата во Сирија, поради што режимот на Асад индиферентноста ја оценува како зелено светло за нивните активности. Нападите со хемиско оружје во Сирија се последица на слабите политики на меѓународната заедница. СБ на ОН за жал продолжува со индиферентноста поради што постепено ја губи и својата легитимност.

Програмата за разработување биолошка војна и инвентарот за балистички ракети и проектили е една друга тема која може да предизвика нови воени злосторства. Исто така треба да се спречи и употребата на термобаричното оружје кое во последно време се употребува од страна на силите на Асад, а кое го впива кислородот во атмосферата и предизвикува висока температура и долготрајни експлозии.

Режимот на Асад сеуште не ја потпиша Конвенцијата за забрана на употребата на биолошкото оружје. Во меѓународните медиуми беа објавени написи во кои беше направен осврт на заканите од туларемија, антракс, чума на режимот на Асад во рамките на програмата за разработување биолошко оружје. Меѓудругото одбранбената соработка на режимот на Асад со Северна Кореја продолжува на стратешко ниво. Како што е познато Северна Кореја важи за една од најопасните земји од аспект на хемиското и биолошкото оружје.

Идлиб се наоѓа на крстопатот на значајни подрачја во Сирија. Бројот на популацијата на подрачјето во кое преовладува влијанието на опозицијата и како последица на присилните миграции изнесува околу 2 милиони. Тоа е едно од најзначајните упоришта на сириската опозиција. Гледано од аспект на Русија и режимот на Асад, тоа е подрачје каде што може да се окончаат судирите и да се извојува конечна победа. Идлиб се наоѓа под контрола на различни опозициони групи. Контролата над руралното подрачје во поблиската околина на Латакија се наоѓа во рацете на Слободната сириска армија. На јужното рурално подрачје на Идлиб се забележува влијанието на Делегацијата за ослободување на Дамаск (поранешната Ал Нусра). Додека во подрачјата во близина на границата со Турција преовладува влијанието на Ахрар-ус Дамаск.

Снимките и фотографиите кои беа објавени во светските медиуми по нападот со хемиско оружје во Хан Шејхун претставуваат јасен показател за тоа дека режимот на Асад продолжува со употребата на хемиско оружје. Последниот напад претставува јасно прекршување на резолуциите број 2118 и 2209 на СБ на ОН. Нападот исто така ја изнесе на виделина погрешната перспектива на Западните земји во врска со режимот на Асад на кој не сметаат како на приоритетна закана. Изворот на кризата во Сирија е самиот режим на Асад. Затоа без претходно да се изолира режимот на Асад, во Сирија не може да се воспостави мир и прогрес. Меѓународната заедница треба да покаже поостра реакција наспроти овие напади. Организацијата за забрана на хемиското оружје и другите меѓународни организации што поскоро треба да започнат истраги во врска со овој вид напади.

Република Турција вложи големи напори за стапување на сила на примирјето во Сирија на 30 декември 2016. Турција работеше на смирувањето на опозиционите групи на теренот кои беа страна во примирјето и успеа во тоа. Русија и Иран ја прифатија одговорноста за почитување на примирјето од страна на режимот на Асад и неговите поддржувачи. Но по се изгледа дека Русија и Иран не се ангажираат доволно во однос на прашањето или пак режимот на Асад не ги слуша Русија и Иран.

Се што се случува во Идлиб има големо влијание врз Турција која моментално го спречува ширењето на бранот на миграциите. Но во случај на интензивирање на бомбардирањата, повторување на слични напади со хемиско оружје и отежнување на животните услови, Турција повторно може да биде изложена на нов бран на миграции од Сирија. Во случај Турција да не може да се справи со новиот бран на миграции, тогаш овој настан може негативно да се одрази и врз Европа.

Регионалните земји и глобалните сили кои се инволвирани во случувањата во Сирија што поскоро треба да ги преземат потребните чекори за постигнување политичко решение. За постигнување политичко решение, најпрвин треба да се обезбеди територијалниот интегритет на Сирија, да се отстрани Асад и неговиот режим од власта, да се води пожестока борба против сите терористички организации на терен (како што се ПКК/ЈПГ, ДЕАШ, Ал Нусра). Сите чекори кои евентуално ќе се преземат вон наведените нема да бидат од корист освен продлабочување на кризата во Сирија.

Тоа беше коментарот на авторот на програмскава серија асистент и истражувач Џемил Догач Ипек од отсекот за Меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.



Слични вести