Во Египет прогласена тромесечна вонредна состојба

Вчера египетските градови Танта и Александрија беа потресени со бомбашки напади

709061
Во Египет прогласена тромесечна вонредна состојба

Бомбашки напади врз црквите во Танта и Александрија во Египет

Вчера египетските градови Танта и Александрија беа потресени со бомбашки напади.

Во нападите чија одговорност ја презеде терористичката организација ДЕАШ загинаа 43, а 119 лица беа повредени.

Првиот бомбашки напад беше извршен врз една црква во градот Танта.

Втора цел на нападот беше една полициска станица.

Во двата напади во Танта загинаа 27, а 78 лица беа повредени.

Самоубиствениот напаѓач во Александрија кој се наоѓаше меѓу граѓаните кои се собраа пред црквата го активираше експлозивот врз себе.

Во нападот загинаа 16 од кои тројца полицајци, додека 41 лице беа повредени.

По нападите во Египет беше прогласена тромесечна вонредна состојба.

По нападите врз црквите, египетскиот претседател Абдул Фатах Ал-Сиси свика состанок на националниот совет за одбрана.

Во изјавата за печатот по состанокот Ал-Сиси рече дека по легалната процедура во врска нападите, се прогласува тромесечна вонредна состојба во земјата.



Слични вести