Путин и Рохани истакнаа дека е нерифатлив американскиот напад врз Сирија

Страните изразија спремност за зајакнување на соработката против тероризмот,

709696
Путин и Рохани истакнаа дека е нерифатлив американскиот напад врз Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани истакнаа дека е неприфатлив американскиот напад врз Сирија кој претставува прекршување на меѓународните норми.

Според писменото соопштение на прес центарот на Кремљ, Путин и Рохани одржаа телефонски разговор на барање на Иран.

Во соопштението беше истакнато дека двајцата лидери кои разменија мислења во врска со состојбата во Сирија, постигнаа согласност околу тоа дека со нападот врз Сирија, САД ги прекрши меѓународните правни норми.

Путин и Рохани меѓудругото истакнаа дека треба да се оствари објективна и независна истрага во врска со тврдењата за хемискиот напд во сирискиот град Идлиб.

Рускиот и иранскиот лидер потенцираа на потребата и значењето за решавање на судирите во Сирија по политички и дипломатски пат и продолжување цврста соработка.

На разговорот беше постигната согласност за што поскоро спроведување во дело на договорите кои беа постигнати во рамките на посетата на Рохани на Москва на 27 и 28 март. Страните изразија спремност за зајакнување на соработката против тероризмот, потребата за воспоставување стабилност на Блискиот исток како и обезбедување на безбедноста, кои претставуваа клучни елементи, беше истакнато во соопштението.



Слични вести