Австралија го заостри ставот кон Бешар Асад

Шефицата на австралиската дипломатија Џули Бишоп изјави дека време е да се размисли за тоа кој ќе управува со Сирија после Асад

709502
Австралија го заостри ставот кон Бешар Асад

Шефицата на австралиската дипломатија Џули Бишоп во изјава за Скај Њуз рече дека хемискиот напад во Сирија покажа дека претседателот Бешар Асад нема намера да биде дел од политичкото решение во неговата земја.Хемискиот напад претставува уште еден доказ за тоа дека не треба да се има доверба во Бешар Асад кога е во прашање заштитата на сирискиот народ.

Ниту еден светски лидер не може да остане равнодушен во ситуација кога Асад е толку немилосрден спрема сопствениот народ, подвлече Бишоп и додаде дека време е да се размисли за тоа кој ќе управува со Сирија после Асад и кој ќе командува со воените сили во Сирија потоа.

Бишоп потсети дека од исклучителна важност е очекуваната посета на шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон на Москва неделава и тоа од аспект на опциите за симнување на Асад од власта. Познато е дека Русија има свои стратегиски интереси во Сирија, но за да се војува против тероризмот и за да се запре 6 годишното крвопролевање во Сирија треба да соработуваме со Русија,подвлече шефицата на австралиската дипломатија Џули Бишоп.

Сирискиот режим минатата недела изврши напад со хемиско оружје на градот Идлиб во северозападот на земјата во кој според одредени извори загинале над 150 лица.

 



Слични вести