Северна Кореја тестираше нова балистичка ракета со среден дострел

САД ги поддржува Јужна Кореја и Јапонија

706420
Северна Кореја тестираше нова балистичка ракета со среден дострел

Американскиот државен секретаријат за одбрана Пентагон соопшти дека утврдиле дека Северна Кореја тестираше нова балистичка ракета со среден дострел.

Во писменото соопштението кое беше објавено од страна на американската Команда на пацифичките сили беше истакнато дека ракетата беше исфрлена од рампата во севернокорејскиот град Синпо и по 60 км паднала во Јапонското море.

Според првичните сознанија, ракетата со среден дострел КН-15 беше балистичка ракета.

Во соопштението беше истакнато дека САД ги поддржува Јужна Кореја и Јапонија  и дека исфрлената ракета не претставува закана за американскиот континент.

Првата реакција против исфрлањето на ракетата од страна на Северна Кореја пристигна од САД.

Американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон во врска со исфрлањето на ракетата рече:

Истече времето на Северна Кореја. Досега премногу разговаравме. Веќе нема да коментираме и сите солуции се на маса, рече Тилерсон.

Исто така Јужна Кореја и Јапонија го осудија тестот на ракетата со среден дострел на Северна Кореја.

Тестот на ракетата беше остварен по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на неделава кој рече дека без оглед на тоа дали Кина ќе учествува во решавањето на проблемот со Северна Кореја, ќе го решат проблемот со нуклеарната закана од Северна Кореја.

Во меѓувреме, кинескиот претседател Кси Џинпинг во петок во Вашингтон се очекува да се состане со американскиот претседател Доналд Трамп.

Нуклеарните активности на Северна Кореја ќе биде главна тема на разговорите.

Согласно резолуциите на ОН, забрането е тестирањето ракети или нуклеарни ракети од страна на Северна Кореја.

Покрај сите реакции, Северна Кореја го брани ставот дека нуклеарните тестови имаат мировна цел.



Слични вести