Постепено расте интересирањето на турските избирачи кои живеат во САД кон претседателскиот систем

Во САД се регистрирани 100 илјади 65 избирачи

705185
Постепено расте интересирањето на турските избирачи кои живеат во САД кон претседателскиот систем

Третиот ден од поставувањето на гласачките кутии во САД, бројот на избирачите достигна над илјада.

Првиот работен ден на неделата за само 3 часа гласаа над 200 лица.

Учеството на турските граѓани кои живеат во САД на гласањето за референдумот се очекува да изнесува околу 40 насто од севкупниот број турски граѓани кои живеат во оваа земја.

Во САД се регистрирани 100 илјади 65 избирачи. 38 407 избирачи се регистрирани само во Њујорк кој важи за еден од градовите во кој најмногу живеат Турците во САД.

Во Вашингтон се регистрирани 13 860 избирачи.

Освен во Вашингтон, турските избирачи ќе можат да гласаат во Њујорк, Мајами, Бостон, Лос Анѓелес, Хјустон и Чикаго.

Властите посочуваат дека од првиот ден кога почна гласањето во САД, интересирањето на турските граѓани во САД е големо кон референдумот.

За искористување на правото на гласање, турските граѓани во САД ќе треба да покажат легитимација на која ќе го пишува единствениот матичен број на граѓанинот на РТ.

Последен ден за гласањето за референдумот во САД е 9 април. Граѓаните ќе можат да гласаат до 21 часот навечер.



Слични вести