Меркел, Турција направи многу за бегалците што е за секаква пофалба

Меркел се изрази мошне поволно за Турција и рече Турција прифати околу 3 милиони бегалци,што е за пофалба но она што е поважно сметам дека Европа треба да ја поддржи Турција околу згрижувањето на бегалците

702906
Меркел, Турција направи многу за бегалците што е за секаква пофалба

Канцелрката на Германија Ангела Меркел изјави дека Турција направи многу за околу 3 милиони бегалци.

Меркел на самитот на Европскиот парламент во Малта призна дека ЕУ направи низа грешки и дека едната од нив е што не мислеше доволно за соседите и за своите крајни граници.

Сметам дека Европа треба да чувствува хумана одговорност кога е во прашање соседот Сирија. рече Меркел и продолжи:

Дали ќе кажеме тоа што се случува во Сирија не е и наша одговорност, дали ќе кажеме дека тоа е само во одговорност на Турција, Јордан и Либан. Факт е дека не обрнавме доволно внимание на финансирањето на бегалските кампови. Германија што се однесува до неа прогласи итна состојба за згрижување на бегалците, но за жал имаше големи пропусти, но сепак мислам дека одлуката беше исправна.

Меркел во продолжение се изрази мошне поволно за Турција и рече Турција прифати околу 3 милиони бегалци,што е за пофалба но она што е поважно сметам дека Европа треба да ја поддржи Турција околу згрижувањето на бегалците.

 



Слични вести