Се зголемува бројот на воениот персонал на Руските вооружени сили

Владимир Путин го потпиша указот со кој се предвидува бројот на воениот персонал на Руските вооружени сили

701864
Се зголемува бројот на воениот персонал на Руските вооружени сили

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот со кој се предвидува бројот на воениот персонал на Руските вооружени сили од 1,88 милиони да се зголеми на 1,9 милиони.

Според информацијата која беше објавена на официјалната веб страница на Владата на Русија, почнувајќи од 1 јули 2017, бројот на персоналот на вооружените сили од 1,88 милиони ќе се зголеми на 1,9 милиони.

Со спроведувањето на одлуката, бројот на вработените со решение ќе изнесува над 1 милион лица.

Во руската армија, освен воен персонал со решение се вработени и голем број цивили кои се одговорни за низа други задачи и потреби на армијата



Слични вести