Постигната согласност за евакуација на цивилите во Сирија

страните во воениот конфликт во Сирија постигнале согласност за евакуација на цивилите од градовите Мадаја и Забадани,кај Дамаск, потоа од Фуа ве Кафраја кај Идлиб кои се под опсада

702076
Постигната согласност за евакуација на цивилите во Сирија

ОН соопштија дека е постигната согласност за евакуација на цивилите во четири сириски града кои се под опсада.

Портпаролот на Генералниот секретар на ОН Ферхан Хак изјави за новинарите дека страните во воениот конфликт во Сирија постигнале согласност за евакуација на цивилите од градовите Мадаја и Забадани,кај Дамаск, потоа од Фуа ве Кафраја кај Идлиб кои се под опсада.

ОН не се страна во овие преговори,но ОН чувствуваат голема загирженост за безбедноста на околу 60 000 цивили така да од близу ја следат ситуацијата во овие опсадени градови, рече Хак и додаде дека евакуацијата ќе биде на доброволна база и дека евакуираните ќе имаат можност да се вратат назад кога условите ќе се подобрат.

ОН и порано имаа предупредено на потребата од испраќање итна хуманитарна помош за населението во опсадените подрачја во Сирија.

 



Слични вести