Парламентот на Шкотска го поддржа предлогот за втор референдум за отцепување од Британија

52 насто од граѓаните на Обединетото Кралство на Велика Британија на минатогодишното гласање за Брегзит гласаа за отцепување од ЕУ

701529
Парламентот на Шкотска го поддржа предлогот за втор референдум за отцепување од Британија

Парламентот на Шкотска го поддржа предлогот на претседателот на регионалната влада на Шкотска Никола Стургеон за одржување втор референдум за независност и отцепување од Британија.

Пратениците на Шкотската национална партија (СНП) чиј претседател е Никола Стургеон, на гласањето со поддршка на Партијата на Зелените го добија потребното мнозинство и на тој начин се стекнаа со право за повторна официјална апликација до парламентот на Британија за одржување нов референдум.

Стургеон во секој прилика го изнесуваше ставот дека не треба да се отцепат од ЕУ, поради што бараат да се одвојат од Обединетото кралство.

Стургеон со цел Шкотска да се одвои од Британија започна со преговори за одржување втор референдум за независност.

Референдумот се очекува да се одржи кон крајот на 2018 или почетокот на 2019 година.

Гласањето кое требаше да се одржи на 22 март, беше одложено поради нападот во Лондон.

На првиот референдум во земјата, изразот на Централната влада на првиот референдум за независност во земјата дека „референдумот истовремено подразбира отцепување на Шкотска од Обединетото кралство и од ЕУ“ одигра големо влијание поради што 55 насто од граѓаните на Шкотска гласаа да останат во Обединетото кралство.

52 насто од граѓаните на Обединетото Кралство на Велика Британија кое се состои од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, на минатогодишното гласање за Брегзит гласаа за отцепување од ЕУ.

Во меѓувреме, британската премиерка Тереза Меј го потпиша официјалното известување кое ќе му се достави на Брисел со цел да започне спроведувањето на 50-от член на Договорот од Лисабон со кој предвидува одвојувањето на земјите членки на ЕУ од Унијата.

Процесот на одвојувањето на Велика Британија од ЕУ по доставувањето на писмото до претседателот на Советот на Европа Доналд Туск се предвидува да потрае две години.



Слични вести