Променет датумот на Состанокот на НАТО

Пред учеството на состанокот на НАТО, Тилерсон на 30 март ќе престојува во посета на Турција

700780
Променет датумот на Состанокот на НАТО

Со цел да се обезбеди и учеството на американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО, беше променет датумот.

Претходно беше утврдено состанокот да се одржи на 5 и 6 април, додека според последните промени состанокот ќе се одржи на 31 март во Брисел.

Американскиот државен секретар за надворешни работи Тилерсон претходно имаше истакнато дека на состанокот на НАТО предвиден за 5 и 6 април не ќе може да учествува поради посетата на кинескиот претседател на и средбата Кси Џингпинг на САД која се поистоветува со истиот датум.

Пред учеството на состанокот на НАТО, Тилерсон на 30 март ќе престојува во посета на Турција.

Турција на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО ќе ја претставува министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.



Слични вести