Убиен Кари Јасин, лидерот на Ал Каеда, соопшти Пентагон

Смртта на Кари Јасин претставува конкретен пример за тоа дека сите оние терористи чија цел се невините луѓе, не ќе можат да побегнат од правдата.

699872
Убиен Кари Јасин, лидерот на Ал Каеда, соопшти Пентагон

Американскот министерство за одбрана Пентагон соопшти дека во воздушниот напад на 19 март на Авганистан беше убиен Кари Јасин, еден од лидерите на Ал Каеда.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Петагон, во нападот во провинцијата Пактика во кој беше убиен Јасин, загинаа 2 американски војници. Јасин беше одговорен за бомбардирањето на еден хотел во 2008 година во Исламабад како и нападот врз екипата за крикет на Шри Ланка во 2009 година.

Американскиот државен секретар за одбрана Џим Матис во изјавата за печатот рече дека смртта на Кари Јасин претставува конкретен пример за тоа дека сите оние терористи чија цел се невините луѓе, не ќе можат да побегнат од правдата.



Слични вести