Наскоро бодликава жица на пакистанско-авганистанската граница

Границата меѓу Пакистан и Авганистан во должина од 2 400 километри била нацртана во 19.век и е позната како Линијата Дуранд.

699565
Наскоро бодликава жица на пакистанско-авганистанската граница

Командантот на пакистанската авијација генерал на армија Џавид Бајва соопшти дека наскоро ќе се постави бодликаца жичана ограда на границата со Авганистан со цел спречување на вооружените напади на милитантите отаде границата.

Бајва додаде дека бодликавата ограда ќе биде во корист и на двете земји, но реакциите од Авганистан се поинакви. Официјален Кабул соопшти дека засега нема било какви податоци за раздвижување на милитантни групи долж границата со Пакистан, но ако започне реализацијата на еден ваков проект ќе вложат сили за да се спречи истиот.

Инаку границата меѓу Пакистан и Авганистан во должина од 2 400 километри била нацртана во 19.век и е позната како Линијата Дуранд.

Линијата Дуранд на два дела го дели Пешту населението.Афганистан не ја признава оваа линија како граница.

Долги години наназад властите како во Кабул така и во Исламабад се обвинуваат меѓусобно за затворање на очите на делувањето на милитантски групи на нивните територии.

Под образложение дека терористичките напади кои во последниот период стануваат се посилни во Пакистан,властите во Исламабад од кон крајот на минатиот месец затворија два гранични премини на границата со Авганистан.

Премиерот на Пакистан Наваз Шерид нареди на 20 март повторно да се отворат граничните премини кон Авганистан.

 



Слични вести