Катастрофа во Средоземното море,голем број удавени мигранти

Се стравува дека 250 имигранти се удавиле во морето кај Либија кога две бротчиња кој што превезеувале имигранти од Африка се превртиле и потонале во морето

698253
Катастрофа во Средоземното море,голем број удавени мигранти

Се стравува дека 250 имигранти се удавиле во морето кај Либија кога две бротчиња кој што превезеувале имигранти од Африка се превртиле и потонале во морето.

Веста ја објавија италијанските медиуми.

Несреќата се случила на 15 миљи од брегот на Либија.

Во несреќата се стравува дека се удавиле сите 250 имигранти кои тргнале на неизвесен пат кон подобар живот.

По веста за катастрофата до местото на насреќата веднаш тргнале бротчиња на шпанаска граѓанска асоцијација,која успеала да ги пронајде телата на 5 удавени имигранти.

Командата на италијанската крајбрежна стража во Рим ја потврди веста за несреќата и соопшти дека е можно да има голем број настрадани.

Веднаш до местото на несреќата тргнале неколку бротчиња за спасување, но неповолните временски услови ја отежнуваат потрагата по евентуални преживеани во несреќата.

Само минатата година над 5000 мигранти се удавија во бродски несреќи во Средоземното море на линијата меѓу Либија и Италија.

 



Слични вести