Русија е спремна да дискутира  за намалувањето на нуклеарното оружје

Сеуште не е дојдено време за целосно укинување на нуклеарното оружје

697626
Русија е спремна да дискутира  за намалувањето на нуклеарното оружје

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Русија е спремна да дискутира за намалувањето на нуклеарното оружје.

Руската новинска агенција РИА ја објави изјавата на Лавров кој рече дека Русија е спремна да дискутира за можностите за намалување на нуклеарното оружје и дека истото можеме да го направиме земајќи ги во предвид сите влијанија. Евентуалните стратешки напади не можеме да го ограничиме само со намалување на бројот на оружјето, рече Лавров.

Во веста се истакнува дека Лавров потенцирал дека сеуште не е дојдено време за целосно укинување на нуклеарното оружје.

Согласно договорот што го постигнаа претседателите на САД и Русија во 2009 година, Барак Обама и Димитри Медведев, нуклеарното оружје беше намалено на пола.

Договорот беше наречен „New START“ (Нов почеток).



Слични вести