Блискиот Исток низ призмата на Турција 12-2017

Тероризмот на ПЈД-ЈПГ во Сирија

697068
Блискиот Исток низ призмата на Турција 12-2017

Навршија шест години од Револуцијата во Сирија која започна со барање на народот за стекнување со демократија. Во меѓувреме во Сирија владее хибриден период кога се изаби .. еродира авторитетот на режимот на Асад, а постепено расте улогата и влијанието на недржавните актери. Меѓу недржавните актери се наоѓаат дури терористичките организации како што се ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ. Во рамките на денешната емисија ќе говориме за тероризмот на ПЈД/ЈПГ во Сирија, вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент истражувач на одделот за меѓународни односи на Ататурковиот универзитет.

Денес навршуваат 6 години од револуцијата во Сирија која започна во март 2011 година со барање на народот за демократија. Сирија се наоѓа во еден хибриден период кога постепено расте улогата на недржавните актери. ПЈД/ЈПГ, сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на северот на Сирија се појави токму во овој нов период. Терористичката организација ПЈД/ЈПГ ја искористи токму оваа хаотична ситуација во земјата. Во заедничка соработка со силите на режимот на Асад како и поддршката на Запад, за кратко време ја презеде контролата над некои  погранични подрачја на границата меѓу Турција и Сирија, кои ги прогласи за кантони.

ПЈД (искористувајќи ја заканата на ДЕАШ) на големите нерегионални сили САД и Русија им се понуди како привлечен актер кој може да се искористи во регионот за остварување на нивните цели. Од друга страна пак, ПЈД спроведувајќи терористички методи го зголеми своето влијание во регионот. Искористувајќи го недостигот на авторитетот во регионот,  ПЈД согласно своите цели продолжува со терористичките активности на северната страна на Сирија. Со поддршка на САД и искористувајќи ја хаотичната ситуација во Сирија, ПЈД се обидува да ги обедини кантоните. Турција на овој потфат на ПЈД одговори со воена интервенција и ја започна операцијата Еуфратски штит. На тој начин ПЈД/ЈПГ се откажа од планот за обединување на кантоните.

Терористичката организација ПКК која исто така ја искористи авторитарната празнина на северот на Сирија, на 17 октомври 2013 година ја формираше ПЈД, фракцијата во Сирија. Под влијание на Арапската пролет, револуционерното движење кое започна во Сирија беше поддржано и од страна на курдските групи. Во тие рамки на преден план излезе и името на лидерот на движењето „Иднина“ Мишел Темо. Курдите почнаа да учествуваат во бунтот против режимот. Кратко време по започнувањето на револуцијата беше убиен Мишел Темо. Страните одговорноста за убиството му ја препишаа на режимот на Асад и ПЈД. На тој начин опозиционерските Курди ја изгубија потребната основа. Врз база на овие случувања, на преден план почна да се истакнува ПЈД која имаше добри односи со режимот на Асад.

Во статутот на ПЈД пишува дека меѓу условите кои се бараат за членство за основа се преферира приврзаноста и оданоста кон лидерот на ПКК, Абдулах Оџалан. Оваа информација е доволна за согледување на фактот за приврзаноста меѓу ПКК и ПЈД. Терористичката организација ПКК/КЏК преку апсолутната контрола врз сириската фракција ПЈД исто така ја продолжува и под други различни имиња. Според резултатите од едно истражување, голем број членови на ПКК, по кризата во Сирија беа ангажирани и инволвирани да ги извршуваат вооружените акции и задачи

на ПЈД.

Европските земји воопшто не се спротивставуваат на активностите на терористичката организација ПЈД во нивните земји. Меѓудругото, некои претседатели на овие земји дури покажуваат посебно интересирање кон ПЈД/ЈПГ. На пример, францускиот претседател во Елисејската палата одржа средби со ко-претседателот на ПЈД Асја Абдулах и командантот на ЈПГ Несрин Абдулах. Приврзаниците на ПЈД многу често одржуваат контакти во Европскиот парламент. Копретседателот на ПЈД Салих Муслим во септември 2016 го посети Европскиот парламент. Мета на говорот што го одржа во оваа прилика беше операцијата Еуфратски штит поради што побара дури поддршка за терористичката организација.

Со повлекувањето на силите на режимот од северните предели на Сирија, силите на ЈПГ во компромис со силите на режимот без некои сериозни судири ја презедоа контролата над Ајн ал-Араб, Амуда и Африн. Моментално ЈПГ се обидува да се сокрие зад маската на Сириските демократски сили (СДГ). Познато е дека 90 насто од Сириските демократски сили (СДГ) се составени од силите на ЈПГ. Исто така досието на ЈПГ е доста дебело од аспект на прекршувањето на човековите права и слободи. Ќе се потсетите дека како последица на нападите на ЈПГ на населените места на Туркменците, арапите сунити и Курдите кои не им потклекнаа во Тел Абјад северно од Рака, сто илјадници луѓе беа принудени да се иселат од родните места. Поради тоа под итно силите на ПЈД/ЈПГ треба да се повлечат источно од Еуфрат. Исто така треба да се спречи нивното евентуално сместување источно од Еуфрат. Прекршувањето на одредбите на Меѓународниот кривичен суд и Женевската конвенција од страна на ЈПГ особено оние што се однесуваат на основните права и слободи, налага неминовна потреба меѓународната заедница да ги преземе потребните активности и да ја прекине индиферентноста наспроти случувањата.

Исто така е познато дека терористичката организација ПЈД користи малолетници во остварувањето на своите цели. Организацијата за следење на човековите права со седиште во Њујорк објави извештај во кој ја обвини терористичката организација за користење на деца во терористичките акции. Во извештајот беше истакнато дека ПЈД во своите борбени редови користела дури 12 годишни деца. Учеството на децата милитанти на погребните церемонии на загинатите по судирите, го зајакнуваат наведеното тврдење.

Според официјални податоци, во рамките на терористичката организација ПЈ/ЈПГ се наоѓаат и голем број странски борци. Поголемиот број од нив доаѓаат од Европа. Затоа и Запад треба да ги преземе потребните мерки на тоа поле и да ја прекине поддршката на ПЈД/ЈПГ. Бидејќи не треба да се заборави фактот дека сите овие странски борци кои денес војуваат во Сирија на страната на наведените терористички организации, во иднина можат да се вратат како потенцијални Anders Behring Breivik, бидејќи тероризмот е како бумеранг. Кога тогаш бумерангот ќе ја погоди раката која го исфрлила. Затоа сите оние сили кои што ја поддржуваат ПЈД/ЈПГ  треба да го земат во предвид овој факт, вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент истражувач на одделот за меѓународни односи на Ататурковиот универзитет во коментарот посветен на тероризмот на ПЈД/ЈПГ.



Слични вести