Мартин Шулц нов претседател на Социјалдемократската партија во Германија

Шулц ќе биде противкандидат на канцеларката Меркел

695340
Мартин Шулц нов претседател на Социјалдемократската партија во Германија

За нов претседател на Социјалдемократската партија во Германија избран поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Со освојување на 605 гласови на делегатите, Мартин Шулц беше избран за нов претседател на Социјалдемократската партија на Германија.

Ова е најголем број на гласови кои успеа да и усвои еден кандидат на Социјалдемократската партија по Втората светска војна на изборите за претседател на партијата.

Шулц ќе биде противкандидат на канцеларката Меркел, кандидатот на Демохристијаните на претстојните парламентарни избори во Германија закажани за 24 септември.

Во говорот по изборот, Шулц им се заблагодари на делегатите и рече дека првенствена цел на претстојните избори е да излезат како победници на гласачките кутии, потенцирајќи дека мотото на изборната кампања ќе бидат правдата, почитта и достоинството.

Во периодот од 2012 до 2017 Мартин Шулц два периоди  беше претседател на Европскиот парламент.



Слични вести