Воздушен напад на една џамија во селото Џина во месноста Етариб кај Алепо
Нападот беше извршен од страна на авионите на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ)

Во воздушниот напад кој беше извршен на една џамија во селото Џина во месноста Етариб кај Алепо за време на намазот на јација загинаа 58 лица.
Во нападот беа повредени десетици лица. Екипите за цивилна одбрана продолжуваат со активностите за пребарување и спасување на лицата кои останаа под урнатините на џамијата.
Се стравува од зголемување на бројот на загинатите во нападот на џамијата во која за време на намазот имаше околу 300 лица.
Во меѓувреме беше утврдено дека нападот беше извршен од страна на авионите на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
Во првото писмено соопштение кое беше објавено од страна на ЦЕНТКОМ во врска со нападот беше истакнато дека нападот беше извршен во Идлиб, дека беше бомбардиран еден собирен центар на терористите на Ал Каеда и дека биле убиени голем број терористи.
Висок претставник на ЦЕНТКОМ кој одговараше на прашањата на новинарите, во врска со нападот на Идлиб и селото Џина во Алепо, односно нивната поврзаност, прифати дека нападот бил извршен врз селото Џина во Алепо, а дека не бил извршен во Идлиб.
Американското министерство за одбрана и ЦЕНТКОМ ќе го анализираат нападот и деталите во врска со нападот ќе ги споделат со јавноста и не ја одбија веројатноста дека нападот кој беше извршен е истиот напад со оној на џамијата во селото Џина во Алепо.
Слични вести

Урускиј: „Има многу работи коишто можат да се научат од Турција“
Турција не само одбранбената индустрија, туку ја разви целата индустрија како целина