Во Холандија избројани 90 насто од гласовите

Партијата на премиерот Марк Руте рече дека по трет пат на изборите излегле како најголема партија

692520
Во Холандија избројани 90 насто од гласовите

На вчерашните избори во Холандија победи Народната партија за слобода и демократија на премиерот Марк Руте.

Партијата на Руте загарантира 32 пратеници од 150 пратеници колку што ги има во Парламентот на Холандија.

Во споредба со изборите во 2012 година кога освои 41 пратеничко место, Руте на овие избори освои помалку пратеници.

Во освртот на резултатите од изборите Руте рече дека по трет пат на изборите излегле како најголема партија.

Холандја на изборите гласаше против погрешен популизам. Кампањите заврши. Треба да бидеме заедно и да формираме стабилна влада, рече Руте.

Втора партија на изборите во Холандија беше Демохристијанската партија (CDA) која освои 25 пратенички места. Оваа партија која го зголеми бројот на гласовите со контрадикторните реторики против исламот, на претходните избори имаше освоено 12 пратенички места.

Екстремно десничарската Партија за слобода на Герт Вилдерс која е позната со контрадикторниот став против исламот освои само 18 пратенички места.

Партијата Зелена левица освои 16 пратенички места и достигна критична бројка во пазарувањето за коалиционата влада.

Досегашниот коалиционен партнер Работничката партија доживеа голем пораз.

На изборите во 2012 година Работничката партија имаше освоено 38, додека на вчерашните изгуби 29 пратенички места и остана само на 9 пратеници.

Партијата на Турците ДЕНК освои 3 пратенички места и постигна голем успех.

Најзначајна карактеристика на Партијата ДЕНК е податокот дека е прва партија формирана од страна на граѓани од странско потекло во Европа.

Според резултатите ниту една партија не успеа да освои потребно мнозинство за формирање самостојна влада.

Затоа според претпоставките се очекува да се формира коалициона влада која ќе се состои најмалку од 3 партии.

Формирањето на новата влада во Холандија ќе заземе време.



Слични вести