Европа нема искрена политика кон Турција

Има промени во ставот на Европа, а не Турција

691082
Европа нема искрена политика кон Турција

Поранешниот еврокомесар за проширување на ЕУ Гинтер Верхоген рече дека Европа нема искрена политика кон Турција

Во интервјуто за германскиот ТВ-канал „АРД 1“ Верхоген рече дека одредени средини вложуваат напори да се формира контрадикторност против Турција. Во средините во кои се наоѓал Верхоген ја бранел Турција и додаде дека грешките во односите со Турција ги направи самата Европа.

Политиките што се водат против Турција не се искрени, затоа Европа треба да се откаже од натамошните грешки, рече Верхоген.

На зборовите на гостите пратеници на емисијата дека „не сакаме турски министри“, одговорот на Верхоген беше многу истар.

Не треба да се заборави фактот дека во Германија живеат околу 4 милиони Турци. Истите тие граѓани имаат право да добијат информации и да ги слушнат турските политичари.

Затоа пред се треба самите да е прашаме: Дали во Германија навистина и натаму важи начелото слобода на говор и изразување?, рече Гинтер Верхоген.

Европската унија сеуште не ги исполни ветувањата кон Турција, потсети Верхоген и подвлече дека има промени во ставот на Европа, а не Турција.



Слични вести