Од 14 до 15 март нов состанок за Сирија во Астана

Четвртиот состанок за Сирија во Астана,главниот град на Казахстан е предвиден од 14 до 15 март годинава,соопшти министерството за надворешни работи на Казахстан

688352
Од 14 до 15 март нов состанок за Сирија во Астана

Четвртиот состанок за Сирија во Астана,главниот град на Казахстан е предвиден од 14 до 15 март годинава,соопшти министерството за надворешни работи на Казахстан.

Во писменото соопштене кое по тој повод беше издадено од страна на министерството за надворешни работи на Казахстан се подвлекува дека моментално се очекува конфирмација од земјите гаранти  за мирот во Сирија како што се Турција, Русија и Иран, како и  претставници на властите на Бешар Асад и опозицијата.

Во истото соопштение се подвлекува дека на состанокот во Астана биле повикани и ОН, САД и Јордан.

Првиот ден од меѓународниот состанок посветен на Сирија ќе биде посветен на плениминарни средби и разговори а за вториот ден е предвидено одржување на седница од поширок состав.

Како што е познато првиот состанок за Сирија во Астана се одржа од 23 до 24 јануари годинава на иницијатива на Турција и Русија.

 

 



Слични вести