Сирија ќе биде на дневниот ред на турско-руските разговори на највисоко ниво на 14 март во Москва

Како што е познато претседателите Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин ќе се состанат во Москва на 14 март годинава

685788
Сирија ќе биде на дневниот ред на турско-руските разговори на највисоко ниво на 14 март во Москва

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Сирија ќе биде на дневниот ред на турско-руските разговори на највисоко нито на 14 март во Москва.

Како што е познато претседателите Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин ќе се состанат во Москва на 14 март годинава.

Лавров додаде дека, Русија изразува спремност за развивање на соработката во Сирија по пат на билатарелни и мултиратерални канали и дека тоа што е важно е да не се изгубат од вид реалностите во регионот.

Лавров ја даде оваа изјава после разговорот со својот колега од Азербејџан Елмар Мемедјаров.

Лавров рече: Турција е близок партнер и со Азербејџан и со Русија. Во петок ќе се одржи лидерска средба меѓу Русија и Турција на која ќе се разгледуваат различни аспекти од  обострано влијание. Трговијата, економијата, инвестициите и заедничките инфраструктурни проекти ќе бидат дел од овие сегменти.

Лаврод во продолжение истакна дека, во разговорите ќе стане збор за соработката меѓу Русија и Турција во надворешната политика, Иран како приоритетно прашање, решавање на кризата во Сирија, и почитувањето на прекинот на огнот постигнат во Астана.

 

 



Слични вести