Околу 200 Холанѓани се собраа во една џамија во Амстердам
Муслиманите кои живеат во Холандија истакнаа дека не предизвикуваат закана за никој

Во рамките на активностите против расизмот и исламофобијата во Холандија, Околу 200 Холанѓани се собраа во една џамија во Амстердам.
На манифестацијата на која се состанаа Холанѓани од муслиманско и немуслиманско потекло, беше упатена пораката: „На Холандија не и се заканува исламот, туку екстремизмот“.
Муслиманите кои живеат во Холандија истакнаа дека не предизвикуваат закана за никој. Напротив честопати самите се жртви на терористички напади.
Муслиманите потенцираа дека расистичкиот лидер Герт Вилдерс е голема закана за општеството.
Холанѓаните исто така истакнаа дека чувствуваат голема непријатност од растот на нападите врз муслиманите.
Во последно време се забележува дека дискриминаторските случувања во последно време се зголемија за два пати. Над 50 џамии во Холандија беа изложени на напади.
Според резултатите од анкетите во земјата, расистичкиот лидер Герт Видерс кој досега се наоѓаше на прво место, се симна на второ место.
На 15 март во Холандија ќе се одржат парламентарни избори.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 71.820.000