Укинат политичкиот имунитет на Марин Ле Пен

Прашањето ќе биде изнесено на следната седница на Генералното заседание на ЕП

682323
Укинат политичкиот имунитет на Марин Ле Пен

По споделувањето на фотографиите на извршување на смртните казни од страна на терористичката организација ДЕАШ преку социјалните медиуми, во рамките на истрагата која што почна да се спроведува беше укинат политичкиот имунитет на Марин Ле Пен, лидерот на екстремно десничарската партија „Национален фронт“ и претседателски кандидат.

На гласањето на седницата на Комисијата за правни работи на Европскиот парламент кое се одржа на барање на Јавното обвинителство на Франција, имунитетот на Ле Пен беше укинат со 18 гласови за, додека 3 пратеници гласаа против.

Прашањето ќе биде изнесено на следната седница на Генералното заседание на ЕП.

Доколку истата одлука се усвои и на ова гласање, тогаш ќе се отвори патот да се покрене судска постапка против Ле Пен и да биде казнета со казна затвор.

За кривичното дело „објавување фотографии и снимки кои содржат насилство“ во Франција е предвидена казна затвор најмногу до 3 години и парична казна од 75 илјади евра.

Истрагата не се очекува да заврши пред да се одржи првиот круг на гласањето за новиот претседател кој ќе се одржи во април.

Според резултатите од последните анкети, екстремно десничарскиот кандидат Ле Пен со 25,5 гласови се наоѓа на прво место, додека независниот кандидат Емануел Макрон со 24 гласови на второ место.

Во 2015 година ле пен во знак на реакција на написот на еден новинар кој направи паралелно споредување меѓу нејзината партија и ДЕАШ, преку профилот на социјалните медиуми објави три фотографии на терористичката организација на која може да се види како извршуваат смртна казна.

По реакциите кои пристигнаа од светот, Ле Пен ја избриша фотографијата на која се гледаше извршувањето на смртната казна на американскиот новинар Џејмс Фоли, додека останатите две фотографии одби да ги избрише.

Француското Министерство за внатрешни работи под изговор дека се врши пропаганда на терористичката организација ДЕАШ и не се почитува споменот на жртвите на тероризмот поднесе обвинителен акт против Ле Пен и започна истрага.



Слични вести