САД ќе соработува со пријателските исламски земји против ДЕАш

Безбедносниот ѕид чија изградба се планира наскоро да започне ќе биде најсилно оружје против недозволената трговија со дрога и кривичните дела

682406
САД ќе соработува со пријателските исламски земји против ДЕАш
trump kongre.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека за да се победи терористичката организација ДЕАШ, САД ќе соработува со пријателските исламски земји.

По преземањето на претседателската функција на 20 јануари, Трамп првпат им се обрати на конгресмените.

Во говорот на заедничката седница на сенаторите и конгресмените, Трамп направи проценка на низа актуелни прашања како што е борбата против терористичката организација ДЕАШ , економските политики и други.

Трамп потенцираше дека новата администрација ќе ги презеде сите потребни мерки и санкции за обезбедување на безбедноста на САД и изнесувајќи примери од терористичките напади во САД  Европа, подвлече на потребата за одлучност во борбата против заканата од ДЕАШ.

Алудирајќи на терористичката организација ДЕАШ, Трамп рече дека за чистење на овој подмолен непријател од земјината површина, САД ќе соработува со пријателските исламски земји и сојузници вклучувајќи ги сите останати сојузнички земји. Трамп истовремено посочи на сериозниот пораст на трошоците во одбраната.

Како што ветив, на Министерството за одбрана му издадов инструкција да изготви план за уништување на илегалната брутална организација која немилосрдно убива мажи и деца без оглед на нивното верско и етничко потекло. Затоа планирам сериозен пораст на трошоците за одбрана,р ече Трамп и потенцираше на приврзаноста на САД кон НАТО.

САД апсолутно го подржува НАТО. Но исто така и партнерите треба да ја преземат и сносат потребната финансиска одговорност, рече Трамп.

Во врска со лицата и установите кои ја поддржуваат нуклеарна и ракетна програма на Иран, Трамп рече дека вовел нови мерки и санкции и уште еднаш го потврди силното и непоколебливо сојузништво со Израелската држава.

Во освртот на безбедноста на јужната граница на САД, Трамп уште еднаш потенцираше дека на границата со Мексико ќе изградат безбедносен ѕид.

Безбедносниот ѕид чија изградба се планира наскоро да започне, кога ќе заврши ќе биде најсилно оружје против недозволената трговија со дрога и кривичните дела.

Моја должност не е да го претставувам и застапувам целиот свет, рече Трамп и потенцираше дека тој е одговорен само за безбедноста на својата земја.

Од денот кога стапи на должност, фрлив низа чекори во сферата на економијата, рече Трамп и најави значајни новости во врска со активностите кои што ќе ги спроведе во иднина.



Слични вести