Русија за прв пат призна дека располага со екипа за информатичка војна

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу рече дека екипата за информатичка војна во рамките на армијата само врши пропаганда

679659
Русија за прв пат призна дека располага со екипа за информатичка војна

Руската армија призна дека располага со екипа за информатичка војна.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу деновиве на конференција за печатот меѓу другото рече дека екипата за информатичка војна во рамките на армијата само пропагира,но не кажа ништо попрецизно за тоа кои се целите или институциите кои што се во сверата на интересот на оваа екипа.

Ова признание пристигна откако западните држави ја обвинија Русија за кибер напади на нивните институции.

Како што е познато после претседателските избори во САД на 8 ноември на кои победи Доналд Трамп во јавноста во оваа земја се појавија шпекулации за тоа дека руските кибер напади одиграле улога во победата на Трамп.

И европските разузнавачки служби ја обвинуваат Москва дека преку кибер напади целат кон дестабилизација на западните земји и менување на расположението на гласачкото тело пред клучни избори,и тоа со ширење дезинформации и лажна пропаганда.

Русија ги отфрла сите тврења дека интервенирала на изборните во другите држави.

 



Слични вести