САД ќе бидат повнимателни во одржувањето добри односи со Турција

Ќе разговараме за значењето на турските сојузници и ќе бидеме конзистентни во продолжувањето на плановите со силниот сојузник Турција

679330
САД ќе бидат повнимателни во одржувањето добри односи со Турција

Началникот на американскиот Здружен генералштаб генерал на армија Џозеф Данфорд рече дека САД ќе бидат повнимателни во одржувањето добри односи со Турција.

Во говорот на панелот на едно тинк-тенк здружение во Вашингтон на тема „Глобалните закани и приоритетите на националната безбедност на САД“ Данфорд се осврна на новите американски политики.

Данфорд рече дека во новиот период ќе водат повнимателни политики со Турција која важи за една од најзначајните сојузнички земји при определувањето на регионалните политики.

Ќе разговараме за значењето на турските сојузници и ќе бидеме конзистентни во продолжувањето на плановите со силниот сојузник Турција, рече Данфорд.

Данфорд избегна да даде одговор на указот на претседателот Доналд Трамп во врска со барањето план од Министерството за одбрана (Пентагон) во рок од 30 дена да се интензивираат операциите против ДЕАШ.

Началникот на генералштабот потенцираше дека сите активности што ги преземаат во борбата против ДЕАШ како и евентуалниот неуспех на преземените дејствија, има секундарни и терцијални последици, поради што на претседателот Трамп наместо план со кој ќе се постигне воена победа против ДЕАШ, ќе му достават детална политичко-воена стратегија во која ќе бидат изнесени ризиците и последиците на планот.

Сите опции ќе бидат доставени на Белата куќа и новите политики ќе ги определи претседателот Трамп, рече Данфорд и потенцираше дека во борбата против терористичката организација ДЕАШ ќе внимаваат на чувствителноста на регионот.

Приоритет на сите активности ќе биде постигнување стабилност на регионот и рамнотежа меѓу уништувањето на терористичките организации, рече Данфорд и подвлече дека во претстојниот период ќе посветат поголемо значење на хуманитарната димензија на кризата во Сирија.

Џозеф Данфорд во врска со можностите за решавање на кризата во Сирија исто така подвлече дека треба да се поддржи процесот на мировните преговори во Женева.



Слични вести