Денес во Женева повторно стартува 4-от круг на мировните преговори за Сирија

Делегацијата на сириската опозиција која замина за Женева бараше да одржи директни средби со претставниците на режимот на Асад

678338
Денес во Женева повторно стартува 4-от круг на мировните преговори за Сирија

По период од десет месеци денес во Женева повторно стартува 4-от круг на мировните преговори за Сирија.

Главна тема на денешните разговори ќе бидат предлозите за новиот устав на земјата.

Со цел да се изнајде решение на 6 годишната граѓанска војна во Сирија, денес страните под надзор на ОН ќе се состанат во Женева.

Делегацијата на сириската опозиција која замина за Женева бараше да одржи директни средби со претставниците на режимот на Асад.

Портпаролот на сириската опозиција Салим ал-Муслат рече: Се наоѓаме во етапа кога можеме да говориме за целосно овластена транзициона власт. Овој круг на преговори не сакаме да поминат како претходните. Овојпат бараме директни преговори со претставниците на режимот, рече портпаролот ал-Муслат.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура во изјавата за печатот пред средбите рече дека за постигнување договор очекувал конструктивен интензитет. Одлучни сме на Сиријците да им дадеме втора шанса за одржување преговори за изнаоѓање решение на политичките преговори.

Мистура потенцираше дека Турција и Русија одиграа значајна улога во постигнувањето на примирјето кое следуваше по средбите во Астана и подвлече дека состаноците во Астана ги поддржуваат мировните политички преговори во Женева на кои се бара решение за состојбата во Сирија.

Мистура додаде дека Русија во текот на средбите од режимот на Асад бараше да ги суспендира воздушните напади.



Слични вести