Израел и САД ќе формираат заедничка комисија во врска со еврејските населени места

Продолжува изградбата на еврејските населби во Источен Ерусали

675988
Израел и САД ќе формираат заедничка комисија во врска со еврејските населени места

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека меѓу Израел и администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе се формира заедничка комисија во врска со еврејските населени места во Западниот брег.

Според веста на израелското државно радио, премиерот Нетанјаху во говорот на седницата на владата рече дека на средбата со американскиот претседател Трамп во рамките на посетата на САД усвоиле одлука за формирање заедничка комисија која ќе ја разгледа состојбата во врска со состојбата на еврејските населби во Западниот брег.

Нетанјаху додаде дека продолжува изградбата на еврејските населби во Источен Ерусалим кој се наоѓа под окупација и дека вложуваат напори да постигнат согласност со САД околу натамошната изградба на населбите во Западниот брег.

Со посетата на САД уште повеќе ќе зајакнат односите меѓу двете земји, рече Нетанјаху но не даде детални информации во врска си активностите на комисијата која планира да се формира.

На состанокот на владата Нетанјаху меѓудругото рече дека Иран претставува најголема закана за регионот и дека со американскиот претседател Трамп споделуваат заеднички погледи и ставови на тоа поле.

 



Слични вести