Во Астана усвоена одлука за формирање заедничка комисија за контролирање на примирјето

Заедничката група ќе овозможи да се следи и контролира примирјето

674499
Во Астана усвоена одлука за формирање заедничка комисија за контролирање на примирјето

На тројниот состанок во Астана посветен на Сирија, Турција, Русија и Иран усвоија одлука за формирање заедничка комисија за контролирање на примирјето.

Техничките преговори меѓу страните ќе продолжат во Анкара.

Александер Лаврентиев, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија на прес конференцијата се осврна на значењето на одлуката за формирање заедничка комисија и рече:

Заедничката група ќе овозможи да се следи и контролира примирјето. Исто така политичкиот процес ќе функционира од различни аспекти.

Лаврентиев меѓудругото рече дека со работните групи на режимот и опозицијата размениле мислења и во врска со започнувањето на преговорите за уставните реформи. Засега страните молчат, но веруваме дека контактите ќе ги зближат позициите на страните.

Мухамед Алуш во изјавата за печатот во името на опозицијата рече дека на средбите размениле мислења во врска со механизмите за контрола на прекршувањето на примирјето и пуштањето на слобода на затворениците.

На средбите постигнавме компромис за продолжување на активностите во врска со механизмите и дека средбите ќе продолжат во Анкара, рече Алуш.

Бешар Ал-Џафери, специјалниот претставник на режимот на Бешар Асад во ОН кој исто така учествуваше на преговорите на конференцијата за печатот рече дека преговорите во Астана претставуваат значаен чекор за преговорите во Женева и дека истите поминаа доста продуктивно.

Првиот состанок во Астана посветен на кризата во Сирија се одржа под покровителство на Турција и Русија на 23 и 24 јануари.

Делегациите кои се состанаа под гаранцијата на двете земји со дневен ред да се зајакне примирјето постигнато на 30 декември, постигнаа согласност за формирање троен механизам за следење на примирјето во кој беше вклучен и Иран.

Вториот состанок се одржа на 6 февруари. На овој состанок беа одржани технички преговори во врска со тројниот механизам.



Слични вести