Утре стартува Минхенската безбедносна конференција

Одлуките кои ќе се усвојат на конференцијата немаат обврзувачки карактер

674766
Утре стартува Минхенската безбедносна конференција

На конференцијата на која Турција ќе ја претставува премиерот Бинали Јилдирим, ќе се разгледа безбедноста на светот.

На конференцијата која се одржува од 1963 година наваму, ќе учествуваат над 500 гости од 60 земји.

Голем е бројот на учесниците од Турција на конференцијата.

Турција на Минхенската безбедносна конференција ќе биде претставена од страна на широка делегација предводена од премиерот Бинали Јилдирим кој е придружуван од страна на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Фикри Ишик како и низа високи бирократи од сферата на безбедноста.

Во рамките на конференцијата премиерот Бинали Јилдирим се предвидува да одржи средби со американскиот потпретседател Мајк Пенс и германската канцеларка Ангела Меркел.

На конференцијата, освен меѓународните безбедносни и одбранбени политики ќе се разгледаат и последната состојба во Сирија, проблемот со бегалците, Евроатланските односи, односите со Русија и кризата во Украина, НАТО, сајбер безбедносните и другите актуелни прашања.

Одлуките кои ќе се усвојат на конференцијата немаат обврзувачки карактер.

Учесниците на конференцијата имаат можност да разменат мислења во врска со актуелните меѓународни прашања.

По повод безбедносната конференција во Минхен беа зголемени безбедносните мерки.

Во рамките на конференцијата ќе бидат ангажирани околу 4 илјади полицајци, а исто така ќе биде затворен и воздушниот простор над хотелот за сообраќај.



Слични вести