Америка апсолутно го поддржува решението за формирање бизонална држава
САД ги поддржува директните преговори меѓу Израел и Палестина

Ники Халеј постојаната претставничка на САД во ОН рече дека Америка апсолутно го поддржува решението за формирање бизонална држава во израелско-палестинскиот спор.
САД ги поддржува директните преговори меѓу Израел и Палестина како и напорите за изнаоѓање решение на спорот, рече Халеј и подвлече:
САД апсолутно ги поддржува напорите за изнаоѓање решение кое ќе се заснова на формирање бизонална држава и дека истовремено сме отворени за нови идеи и солуции околу кои ќе се постигне компромис.
Американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху што ја одржаа претходниот ден во Вашингтон рече дека без оглед на тоа дали решението ќе се изнајде врз основа на формирање една или две решение, тој самиот лично сакал решение кое го бараат двете страни. Што ќе бараат двете страни, јас можам да прифатам. Можам да живеам со двајцата. Одреден период мислев дека формирањето бизонална држава претставува полесна солуција. Отворено да кажам дека ако Нетанјаху и Израел и Палестинците се задоволни, тогаш и јас ќе бидам задоволен, рече Трамп.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 88.723.000