За изнаоѓање решение за палестинско-израелскиот проблем во акција стапи и Шведска

Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром истакна дека за изнаоѓање решение за присустните проблеми помеѓу Израел и Палестина ќе назначат свој специјален амбасадор

673334
За изнаоѓање решение за палестинско-израелскиот проблем во акција стапи и Шведска

За изнаоѓање решение за палестинско-израелскиот проблем стапува во акција и Шведска.

Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром истакна дека за изнаоѓање решение за присустните проблеми помеѓу Израел и Палестина ќе назначат свој специјален амбасадор.

Валстром оваа своја изјава ја даде за време на доставување до парламентот на патната карта која што ќе ја следи шведската влада во надворешната политика во текот на оваа година.

Велејќи дека за мировниот процес меѓу страните нејзината земја ќе назначи специјален амбасадор, Валстром рече дека овој специјален амбасадор ќе работи со целосна овластеност и ќе учествува на меѓународни состаноци.

На овој чекор на Шведска пристигна позитивна реакција и од Израел.

Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Емануел Нашон истакна дека ги ценат извонредните напори кои што ги вложува шведската влада за воспоставување на мирот во целиот свет.



Слични вести