Канадскиот парламент дискутира за предлогот против исламофобијата и расизмот

Предлогот доставен од страна на пратеничката на Либералната партија Икра Халид го содржи осудувањето на исламофобијата, секој вид систематски расизам и верската дискриминација

673790
Канадскиот парламент дискутира за предлогот против исламофобијата и расизмот

Канадскиот парламент дискутира за предлогот против исламофобијата и расизмот...

Предлогот доставен од страна на пратеничката на Либералната партија Икра Халид го содржи осудувањето на исламофобијата, секој вид систематски расизам и верската дискриминација.

Пратеничката Икра Халид предлогот им го појасни на претставниците на печатот на прес конференцијата што ја одржа заедно со канадската министерка за култура Мелани Џоли во врска со што рече: „Ова е предлог и не е закон. Овој предлог е за работите кои што треба да се реализираат во однос на тоа како би можеле да ги решиме значајните проблеми во Канада како што се систематскиот расизам и верската дискриминација. Овој предлог истовремено е повик за дијалог за Канаѓани.“

Канадската министерка за култура Мелани Џоли пак рече дека предлогот ќе го поддржуваат сите пратеници на Либералната партија.

Воедно и лидерот на Новата демократска партија Том Мулкер истакна дека на предлогот дава поддршка и неговата партија.

Конзервативната партија пак која се противи на предлогот на пратеничката Икра Халид подготвува контра предлог.



Слични вести