Вториот круг на преговорите за кризата во Сирија одложени за утре

Делегацијата на сириската опозиција сеуште не пристигнала во Астана

672815
Вториот круг на преговорите за кризата во Сирија одложени за утре

Вториот круг на преговорите за кризата во Сирија кои што се планираше да започнат денес во казахстанскиот град Астана одложени за утре (четврток).

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Казахстан, беше истакнато дека преговорите за кризата во Сирија кои се планираа да почнат денес и на кој ќе учествуваат претставниците на Турција, Русија и Иран, ќе започнат утре.

Одлуката за одложување на состанокот беше усвоена по информацијата дека делегацијата на сириската опозиција сеуште не пристигнала во Астана.

Првиот круг на преговорите за окончување на граѓанската војна во Сирија кој започна на предлог на земјите гаранти Турција и Русија во Астана, со цел да се формира поволна основа за мировните преговори во Женева, беше одржан на 23 и 24 јануари.



Слични вести