Американскиот претседател Доналд Трамп очекува Русија да го врати Крим на Украина

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на конференцијата за претставниците на печатот што ја одржа вчера рече: „Претседателот Трамп јасно кажа дека очекува од руската влада да ја намали затегнатоста во Украина и да го врати Крим.

672949
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува Русија да го врати Крим на Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува Русија да го врати Крим на Украина.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на конференцијата за претставниците на печатот што ја одржа вчера рече: „Претседателот Трамп јасно кажа дека очекува од руската влада да ја намали затегнатоста во Украина и да го врати Крим.“ 

Белата куќа претходно го потврди ставот на управата на Трамп во врска со тоа дека ќе продолжат санкциите кои што се спроведуваат против Руската Федерација поради анектирањето на кримскиот полуостров кој и припаѓа на Украина.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на одржаната конференција за претставниците на печатот на 3 февруари истакна дека претставникот на САД во ОН Ники Халеј јасно ги изнесе грижите во врска со анектирањето на Крим од страна на Русија. 

Ники Халеј на состанокот на Советот за безбедност на ОН на 2 февруари на кој учествуваше за прв пат  го потврди ставот на новата управа на САД во врска со рускиот напад на Крим.

Ники Халеј рече: „САД продолжуваат да го осудуваат анектирањето на Крим од страна на Русија и упатуваат повик веднаш да стави крај на анектирањето. Крим е дел од Украина. Нашите санкции во врска со Крим ќе продолжат се додека Русија контролата над полуостровот ја предаде на Украина.“



Слични вести