Во терористички напад во Лахор во Пакистан загинаа 13 лица, а над 80 лица се ранети

Во терористички напад извршен со моторцикл за време на протестен митинг во градот Лахор во Пакистан загинаа 13 лица, а повеќе од 80 лица се ранети

671700
Во терористички напад во Лахор во Пакистан загинаа 13 лица, а над 80 лица се ранети

Во терористички напад во градот Лахор во Пакистан животот го загубија 13 лица, а повеќе од 80 лица се ранети.

Фармацевтите се собраа во градот Лахор каде што протестираа против новите измени на владата во врска со продажбата на лекови.

Мирољубивиот протестен митинг стана цел на терористите.

Терорист кој со моторцикл влета меѓу демонстрантите ја експлодира бомбата на себе.

Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде групата Џемаат ур-Ахрар, која иинаку е поврзана со Талибан.

Беше соопштено дека нападот е извршен во знак на одмазда против операциите кои што ги води пакистанската армија во близина на границата со Авганистан.



Слични вести