Во бомбашки напади во Багдад загинаа 4 лица, а 16 лица се ранети

Во последните реализирани бомбашки напади во главниот град на Ирак Багдад загинаа 4 лица, а 16 лица се ранети

671811
Во бомбашки напади во Багдад загинаа 4 лица, а 16 лица се ранети

Во реализирани бомбашки напади во различни делови на ирачкиот главен град Багдад животот го загубија 4 лица, а 16 лица се ранети.

Во моментот на поминување на воено патролно возило експлодира експлозивна направа поставена на крајот на патот во населеното место Ебу Гурејб во западниот дел на Багдад и животот го загуби еден војник, а тројца војници беа ранети. 

Во бомбашки напад во областа Хају’л Илам во јужниот дел на Багдад пак загинаа две лица, а 8 лица беа ранети.

Во еден друг напад во областа Нехреван животот го загуби едно лице, а 5 лица беа ранети.

Одговорноста за нападите засега не ја презеде никој.

Во меѓувреме откако беше установено дека лидерот на терористичката организација ДАЕШ Ебу Бекир ал Багдади од Сирија преминал во Ирак ирачката армија започна операција.

Беа добиени информации дека Ебу Бакир ал Багдади во западниот дел на Ирак одржувал состанок со група команданти на терористичката организација.

Притоа беше бомбардирана заградата во која се велеше дека се одржувал состанокот.

Во реализираниот воздушен напад со воени авиони Ф-16 беа убиени 13 водечки имиња на терористичката организација ДАЕШ.

Утврдени се и имињата на загинатите команданти на ДАЕШ, меѓутоа нема информации за судбината на Ебу Бекир ал Багдади.



Слични вести